Системот за заштита и спасување во Македонија не располага целосно со потребната подготвеност за навремено и ефикасно справување со катастрофи, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.

Во услови на сè поголема изложеност на шумски пожари, поплави и екстремни временски услови, утврдени се слабости во стратешкото планирање, институционалната координација, човечките и материјалните ресурси, финансирањето и модернизацијата на системот.

Ревизијата била спроведена на тема „Градење на систем за управување со кризи, заштита и спасување преку инвестиции во опрема и ресурси, одржување на средства со цел да се зголеми оперативноста, ефикасноста и ефективноста“, со цел да се утврди дали системот за заштита и спасување е соодветен за ефикасен одговор при катастрофи.

 

Слични новости

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.