Славниот холивудски актер Роберт де Ниро игра не еден туку два главни лика во биографската криминалистичка драма „The Alto Knightsто“ која наскоро доаѓа во кината.

Заснован на вистински настани, филмот е сместен во Њујорк од 1950-те, а двократниот добитник на Оскар ги толкува ликовите на ривалските италијанско-американски мафијашки шефови Френк Костело и Вито Џеновезе.

 

Понекогаш прилагодувајќи го пристапот во стилот на документарниот филм, „The Alto Knights“ го раскажува заедничкото минато на старите пријатели, настаните што довеле до нивното разделување и неуспешниот обид за атентат врз Костело. Нивната борба за моќ се одвива во интензивни сцени, од кои некои го прикажуваат судирот лиец-в-лице меѓу Костело и Џеновезе.

Филмот го режираше Бери Левинсон, режисер на филмовите „Дождовниот човек“ и „Добро утро, Виетнам“, а сценариото го напиша Николас Пилеги, познат по филмовите „Добри момци“ и „Казино“.

Го продуцираше долгогодишниот соработник на Де Ниро, Ирвин Винклер а актерот рече дека работата со нив тројца го убедила да се врати во мафијашкиот жанр.

„Не планирав да се вратам на него, но кога Ирвин Винклер ми го испрати сценариото, реков ‘дозволете ми да размислам за тоа’“, рече Де Ниро на премиерата на филмот во Лондон во четвртокот.

„Кога разговаравме за тоа кој ќе ја игра другата улога – тие ме сакаа за Костело – тој (Винклер) рече: ‘Како да ја играш и другата улога? Реков ‘тоа е уште подобра причина да го направам тоа, ако го сторам тоа“, додаде 81-годишниот актер.

Деведесет итригодишниот Винклер рече дека не познава некој кој е подобар за тие улоги.

Филмот „The Alto Knights“ (Витезите Алто) го започнуваат своето светско кино прикажување на 19 март.

globe

Слични новости

Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, кој утре треба да одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, вчера пристигна во Скопје. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба