Фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед одиграа нерешено 2:2 во дербито на 11 -тото коло во Премиер лигата, во возбудлив меч полн со пресврти.

Манчестер Јунајтед поведе со 0:1 со голот на Камерунецот Ембуемо и со тој резултат се отиде на полувреме.

Во 84-тата минута Тотенхем најпрвин изедначи со голот на Матис Тел, а во првата минута од судиското надополнување центарфорот на Тотенхем Ришарлисон го доведе во водство домашниот тим од Лондон.

Конечниот резултат 2:2 го постави дефанзивецот на Јунајтед Де Лихт по одличен скок и удар со глава во 96-тата минута од натпреварот.

 

Слични новости