Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте изрази гордост за фудбалерите што ги предводеше на СП 2026 на кое ја поразија Аргентина во финалето со 1:0 и по вторпат се искачија на планетарниот трон.
Шпанија беше подобар ривал од Аргентина во текот на целиот натпревар и упати вкупно 20 удари кон аргентинскиот гол од кои еден, оној на Феран Торес во 106 минута. заврши зад грбот на Мартинез.
„Посебно сум горд на оваа генерација на фудбалери која растеше со оваа идеја, ја унапреди и покажа што значи да се биде група, семејство. Тоа се фудбалери со исклучитечен талент“, рече Де ла Фуенте.
Шпанија со победата во финалето на СП 2026 ги обедини европската и светската титула.
Слични новости
Америка ја победи Босна со 2:0 и ја елиминираше од Светското првенство
Избраниците на Покетино ја оправдаа фаворитската улога и беа подобри на теренот, иако во второто полувреме останаа со играч помалку, откако по асистенцијата на ВАР собата му беше покажан црвен картон на стрелецот на првиот гол за САД Фоларин Балогун.
Сенегал елиминиран од Белгија иако водеше 2:0 до 86-тата минута
По шокантниот пораз од Белгија со 3:2 по продолженија во Сиетл, со кој Сенегал беше елиминиран од Светското првенство, дојде до раздор меѓу фудбалерите и стручниот штаб. Играчот за врска на Виљареал папа Геј соопшти дека привремено нема да настапува за националната селекција, се додека ја води актуелниот стручен штаб.
Мексико го победи Еквадор и се пласираше во осминафиналето
Фудбалерите на Мексико се пласираа во осминафиналето на Светското првенство откако утринава го победија Еквадор со 2:0. Стрелци на головите за Мексико беа Хулијан Кињонес во 22 и Раул Хименес во 31 минута.


