Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте изрази гордост за фудбалерите што ги предводеше на СП 2026 на кое ја поразија Аргентина во финалето со 1:0 и по вторпат се искачија на планетарниот трон.

Шпанија беше подобар ривал од Аргентина во текот на целиот натпревар и упати вкупно 20 удари кон аргентинскиот гол од кои еден, оној на Феран Торес во 106 минута. заврши зад грбот на Мартинез.

„Посебно сум горд на оваа генерација на фудбалери која растеше со оваа идеја, ја унапреди и покажа што значи да се биде група, семејство. Тоа се фудбалери со исклучитечен талент“, рече Де ла Фуенте.  

 Шпанија со победата во финалето на СП 2026 ги обедини европската и светската титула.

 

Слични новости

Фудбалерите на Англија во полуфиналето на СП по продолженија со Норвешка

Фудбалерите на Англија во полуфиналето на СП по продолженија со Норвешка

Белингам и ја донесе победата на Англија во продолженијата, по шутот на Морган Роџерс и лошата интервенција на норвешкиот голман Ниланд кој ја одби топката до Белингам, кој го постигна својот шести гол на турнирот.