Италијанскиот тренер Роберто Де Зерби е подготвен веднаш да го преземе Тотенхем и да му помогне на тимот во битката за опстанок.

Иако се шпекулираше дека Де Зерби не сака да дојде пред крајот на сезоната, односно сака да сочека дали екипата ќе избори опастанок во Премиер лигата, Скај Италија објави дека Тотенхем е спремен да му понуди на Де Зерби петгодишен договор со што јасно сакаат да стават на знаење дека го гледаат како долгорочно решение.

Де Зерби остана без работа во февруари кога се разијде си управата на Олимпик Марсеј и би можел веднаш да дојде во Тотенхем, откако Игор Тудор доби отказ по само седум натпревари на клупата на лондоснкиот клуб.

Тотенхем е само на еден бод од зоната за испаѓање од лигата и до крајот на сезоната ги чека жестока борба за опастанок.

 

Слични новости

Дебакл на италијанскиот фудбал

Дебакл на италијанскиот фудбал

Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.