Белгискиот играч од средниот ред, 33-годишниот Кевин Де Брујне, официјално стана член на италијанскиот фудбалски шампион Наполи, објави клубот.
Белгискиот плејмејкер доаѓа во Наполи како слободен агент откако го носеше дресот на Манчестер Сити во последните десет години.

Тој впиша 422 настапи за „Граѓаните“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 108 гола и обезбедувајќи 177 асистенции. Со Сити, освои 19 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и една круна во Лигата на шампионите. Де Брујне, исто така, беше прогласен двапати за играч на сезоната во Премиер лигата.
„Кевин е горд што е еден од нас!“, објави Наполи на социјалната мрежа X.
За време на неговата кариера, играше и за Волфсбург, Вердер, Челзи и Генк.
Впиша 111 настапи и 31 гол за белгиската репрезентација.
Слични новости
Вимблдон го зголеми наградниот фонд
Вимблдон го зголеми наградниот фонд за оваа година на 53,5 милиони фунти (72,59 милиони долари), што е за седум отсто повеќе отколку во 2024 година
Полскиот селектор поднесе остаква поради кавгата со Левандовски
Селекторот на полската фудбалска репрезентација, Михал Пробјеж, во четврток објави дека поднесува оставка од својата позиција „за доброто на тимот“
Нов светски рекорд на Мекинтош
Канадската пливачка Самер Мекинтош го собори сопствениот светски рекорд во дисциплината 400 метри мешано во средата на Националното првенство во Викторија