Белгискиот играч од средниот ред, 33-годишниот Кевин Де Брујне, официјално стана член на италијанскиот фудбалски шампион Наполи, објави клубот.
Белгискиот плејмејкер доаѓа во Наполи како слободен агент откако го носеше дресот на Манчестер Сити во последните десет години.

Тој впиша 422 настапи за „Граѓаните“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 108 гола и обезбедувајќи 177 асистенции. Со Сити, освои 19 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и една круна во Лигата на шампионите. Де Брујне, исто така, беше прогласен двапати за играч на сезоната во Премиер лигата.
„Кевин е горд што е еден од нас!“, објави Наполи на социјалната мрежа X.
За време на неговата кариера, играше и за Волфсбург, Вердер, Челзи и Генк.
Впиша 111 настапи и 31 гол за белгиската репрезентација.
Слични новости
Кошаркарите на Партизан победници на АБА лигата
Кошаркарите на Партизан се победници на регионалната АБА лига откако ја победија Будуќност со 90:75 пред 21.434 гледачи во Белград
Матеус Куња потпиша петгодишен договор со Манчестер Јунајтед
Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед го ангажираше бразилскиот напаѓач, 26-годишниот Матеус Куња, поранешен член на Вулверхемптон Вондерерс, со петгодишен договор
Почина навивачот кому му се слоши во текот на натпреварот во Хелсинки
Фудбалскиот навивач кому му се слоши на стадионот во 72. минута од квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Финска и Полска во Хелсинки во вторникот почина ден подоцна во болница, објави француската новинска агенција AFP