Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, поради дефектот на владиниот авион, соопшти вечерва Кабинетот на претседателката.
„Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, Кабинетот на претседателката информира дека таа не замина во Франција“, се наведува во соопштението.
Од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова го информирале Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон дека таа не е во можност да патува поради дефектот на владиниот авион со кој беше планирано да се патува во Париз.
Слични новости
Настрада македонската амбасада во Киев по рускиот ракетен напад, нема повредени дипломати
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.
Целосна блокада на Скопје ако не земат плата, најавуваат вработените во ЈП „Улици и патишта“
Вработени во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од протестот утрово пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата
Клиниките подготвени за работа во вонредни услови, итните интервенции ќе се прават непречено
Најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар по најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечерва во поголем дел од градот