Со многу цврста игра во одбраната што резултираше тимот на Бостон да постигне само 97 кошеви, тимот на Детроит Пистонс убедливо го победи актуелниот НБА шампион Бостон Селтикс 117:97.

Најефикасен во тимот на Детроит беше Малик Бисли со 26 коша, а Кејд Канингам постигна 21. Во тимот на Бостон најефикасен беше Џејсон Тејтум со 27 поени, а Дерик Вајт и Пејтон Причард постигнаа по 18.

Со серијата од осум победи во низа Детроит Пистонс изби на шестото место во Источната конференција и се изедначи според бројот на победи 33, со четврто пласираниот тим на Индијана.

Бостон Селтикс се втори на истокот, каде што убедливо прв е Кливлен со скор од 48 победи и само 10 порази.

Слични новости

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите