Кошаркарите на Детроит направија брејк во Кливленд, победија со 115:94 и на тој начин изедначија на 3:3 во полуфиналето на Источната конференција.

Детроит повторно победи во натпревар кој Американците го означуваат како „победи или оди си дома“, откако во претходната серија со Орландо победи на 3 такви натпревари и се врати од 1:3.

Детроит беше предводен од Кејд Канингем со 21 кош, Пол Рид постигна 17, а по 15 поени дадоа Џејлен Дурен и Денис Џенкинс.

Кај Кливленд најефикасен беше Џејмс Харден со 23, додека Донован Мичел и Еван Мобли постигнаа по 18.

Решавачкиот седми натпревар од оваа серија ќе се игра во Детроит ноќта меѓу недела и поеделник.

Слични новости

Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ

Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ

Далас ја прекина најлошата сероја порази на домашен терен против Лејкерс со победа од 134:128 благодарение на извонредната партија на „рукито“ Купер Флег. Новајлијата околу кој Далас ќе го гради тимот во иднина Купер Флег на Лејкерси им уфрли дури 45 коша