Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Четириесет идвегодишната мајка ја запалила жижицата со својот син во саботата на паркинг во станбена зона во градот Хаген, а потоа видела искри како летаат под блискиот автомобил, каде што се запалиле суви лисја.
Обидите за гаснење на пожарот биле неуспешни, а автомобилот, во сопственост на сосед, бил целосно изгорен.
За срежа, пожарникарите успеале да спречат ширење на пламенот на други автомобили на паркингот.
Жената се соочува со тужба за небрежно палење.
Полицијата потсетува дека празничните жижици се производ што сè уште може легално да се купи и запали преку целата година, за разлика од другите пиротехнички средства, чие купување е сè повеќе ограничено во Германија поради злоупотреби и масовно користење при протести кога со нив се напаѓаат припадници на полциијата и другите јавни служби.
Слични новости
Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа
Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година
Netflix ги купува филмските и ТВ-студија на Warner Bros
Стриминг гигантот „Netflix“ објави во петокот дека постигнал договор со„ Warner Bros. Discovery“ за купување на филмски и телевизиските студија, вклучувајќи ја и платформата HBO Max
Откриена галаксија слична на Млечниот пат стара 12 милијарди години
Индиските астрономи открија масивна галаксија слична на Млечниот пат која е стара околу 12 милијарди години, пренесе Би Би Си. Таа е голема колку една третина од млечниот пат и содржи околу 10 милијарди ѕвезди


