Над 61 процент од граѓаните би одговориле позитивно на референдумско прашање за влез на Македонија во Европската Унија, покажува анкетата која за емисијата Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС).

Негативен одговор според истражувањето би дале 23.5 проценти од граѓаните.

 

Поддршката за ЕУ е повисока кај испитаниците Албанци од кои над 77 проценти даваат позитивен одговор додека кај испитаниците Македонци позитивен одговор даваат 55 проценти. Сепак прогнозите на граѓаните за полноправно членство на државата во ЕУ не се оптимистични. Речиси секој трет или 29.6 проценти велат дека земјата никогаш нема да се приклучи на ЕУ. 20 проценти сепак сметаат дека тоа може да се случи во следните 5 години. Дека во изминатите години има напредок во спроведувањето на реформи и достигнувањето на европските стандарди сметаат само 26 проценти од испитаниците.

Сепак споредено со истата анкета спроведена лани, има значително намалување на бројот на испитаници кои велат дека назадуваме од 41 кои таков одговор дале во 2024-та година на 17 проценти оваа година. Секој втор испитаник смета дека почетокот на преговорите со ЕУ ќе даде одговор на предизвиците во клучните сектори како образование, здравство, судство и други.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 1 до 4 март оваа година на репрезентативен примерок од 1050 испитаници од целата држава.

globe

Слични новости

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

Како што наведуваат оттаму, во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент.

Филипче: Истрагата за пожарот во Кочани се води селективно

Филипче: Истрагата за пожарот во Кочани се води селективно

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека СДСМ дава поддршка на институциите да ја завршат истрагата за трагедијата во Кочани професионално и транспарентно, но дека целиот процес се води селективно

Дурмиши: Живееме во демократија и секој има право да излезе на улица и да протестира

Дурмиши: Живееме во демократија и секој има право да излезе на улица и да протестира

Живееме во демократија и секој има право да излезе на улица и да протестира и да го каже својот револт, но на синдикатите веќе им истече мандатот и веќе не се репрезентативни, порача денеска (2 април)министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.