Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавија властите.
Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.
Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.
Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.
Напаѓачот, исто така, бил пронајден мртов, а полицијата верува дека смртоносните повреди самиот си ги нанел.
Шефот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица се здобиле со полесни повреди, а две лица се здобиле со сериозни повреди.
Градот Тамблер Риџ, со околу 2.400 жители, е оддалечен околу 1.200 км од Ванкувер и е близу до границата со Алберта.
Слични новости
Шпанските власти ги истражуваат Мета, ТикТок и Икс поради ширење на детска порнографија
Владата на Шпанија побара од канцеларијата на јавниот обвинител да ги истражи дигиталните платформи Мета, ТикТок и Икс поради можно креирање и ширење на детска порнографија
Иран го затвори Ормускиот мореуз
Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.
Нови преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Женева
Разговорите во Женева се продолжение на претходните средби во Обединетите Арапски Емиратина на кои немаше значаен напредок, освен што беше договорена размена на заробеници.


