Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавија властите.
Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.
Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.
Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.
Напаѓачот, исто така, бил пронајден мртов, а полицијата верува дека смртоносните повреди самиот си ги нанел.
Шефот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица се здобиле со полесни повреди, а две лица се здобиле со сериозни повреди.
Градот Тамблер Риџ, со околу 2.400 жители, е оддалечен околу 1.200 км од Ванкувер и е близу до границата со Алберта.
Слични новости
Израел: Трамп сака договор со Иран, но тој е малку веројатен
Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор со Иран за прекин на војната на Блискиот исток, но успехот на разговорите е малку веројатен, изјавија денеска високи израелски службеници
Претседателот на иранскиот парламент негира дека Иран преговара со САД за прекин на војната
Претседателот на иранскиот парламент Калибаф негираше дека Иран преговара со САД за прекин на војната и ја отфрли реториката на Трамп како прикриен обид за манипулирање со немирните глобални пазари.
Започна судењето за грчката трагедија во Темпи во која загинаа 57 луѓе – граѓаните на протест
Преживеаните од судирот на возови во кој загинаа 57 луѓе во Грција, како и роднините на жртвите го изразија својот гнев со протест пред кривичниот суд каде денеска започна процесот.


