Десет лица, вклучувајќи и деца биле повредени во денешниот ирански напад врз Израел, а едно девојче е во критична состојба и се бори за живот, соопштија од медицинскиот центар Шеба.
Иран денеска изведе жестоки напади врз Израел, а на нападите се приклучија и јеменските Хути и Хезболах.
Истовремено Водачот на исламската револуција ајатолахот Моџтаба Хамнеи му испрати писмо на генереалниот секретар на Хезболах Наим Касем во кое му вети континуирана поддршка на Иран на либанското движење на отпорот против Израел и САД.
Слични новости
Пентагон испраќа маринци на Блискиот исток
Пентагон ја испраќа на Блискиот исток единицата за брз одговор која ја сочинуваат околу 2.500 маринци и морнари и неколку воени бродови.
Израел планира проширување на копнената операција во Либан
Израел планира значително да ја прошири копнената операција во Либан и да ја заземе територијата јужно од реката Литани, за да ги уништи воените позиции на Хеболах, соопштија израелски и американски службеници.
Погодена американската амбасада во Ирак во ракетен напад
Според податоци на ирачки безбедносни извори амбасадата била погодена од дрон и во нападот бил уништен системот на противвоздушна одбрана на амбасадата.


