Десет големи европски банки постигнаа договор преку заедничката фирма Кивалис да создадат нова стабилна криптовалута (Стејблкоин) врзана за еврото за да создадат алтернатива на американските криптовалути кои се врзани за доларот и кои се доминантни на пазарот.

Компанијата Кивалис со седиште во Амстердам ја поддржуваат банкните БНП Париба, ИНГ, Данската банка и уште седум финансиски организации, а целиот проект ќе биде под надзор на банката на Холандија и ќе работи во согласност со новата регулатива на ЕУ за криптовалутите, пренесе ЕУ Обсервер.

Се очекува новата криптовалута да биде претставена во втората половина на 2026, но засега е нејсано дали ќе им биде достапна на граѓаните, или само на финансиските институции и финансиските инвеститори.

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица