Големиот студентски протест во центарот на Белград, на кој се приклучија земјоделци и бројни граѓани, започна со скандирања „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“.
Десетици илјади луѓе го исполнија просторот околу плоштадот Славија и околните улици во центарот на Белград, јави Бета.
Мобилните врски во центарот на Белград не функционираат, јави ТВН1.
Протестот во Ниш започна и во 16 часот, со 16-минутно молчење за почит на жртвите во Нови Сад и Загреб.
Студентите во Србија најавија протест во Белград на кој ќе се приклучат и земјоделци, актери, граѓани. Тие заедно бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.
Своето присуство на протестот го најавија земјоделците и актери како форма на поддршка за студентите.
Земјоделците, кои изминативе денови ги блокираа патишта бараат разрешување на премиерот Милош Вучевиќ, ресорниот министер и претседателот на собраниската Комисија за земјоделство.
На протестот, како што е најавено, ќе се приклучи и иницијативата „Мостот останува“, која се противи на отстранувањето на Стариот савски мост во Белград.
Слични новости
Вучиќ порача дека нема да има преодна влада во Србија; СПЦ со загриженост следи атмосфера на конфронтација во општеството
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во неделата дека нема да има преодна влада, преки која опозицијата бара „да дојде на власт без избори“
Кинеската компанија ќе бара итно објаснување од Албанија по одлуката за блокирање на TikTok
Кинеската технолошка компанија „„ByteDance“, во чија сопственост е платформата за размена на кратки видеа TikTok ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со одлуката за затворање на платформата на една година во Албанија
Хрватските училишни синдикати најавија мирен марш како „порака за безбедни училишта“
Три училишни синдиката го повикаа во неделата пред Учителскиот дом во Загреб своето членство и јавноста да им се придружат во понеделник попладне во поворката со цел да се подобри безбедноста на училиштата