Речиси 42.000 билети за настапите во живо на Изборот за песна на Евровизија, што оваа година ќе се одржи во мај швајцарски Базел, се распродадени за само седум минути во средата.
Штом започна продажбата во 10 часот претпладнето по локално време, побарувачката за билети беше огромна, објави швајцарската телевизија SRF, дел од тимот што го организира овогодинешниот музички настан.
До четири билети можеа да купат само оние кои однапред се пријавија за ова натпреварување, популарно во Европа и пошироко и познат по своите необични изведби и привлечни триминутни песни.
Билети се продаваа и за пробни настапи. Ги снема во рок од 20 минути. Во средата беа продадени вкупно 42.000 билети.
Но, оние кои се пријавиле а не можеле да купат билети не треба да се плашат бидејќи ќе добијат уште една шанса.
Ќе има уште неколку рунди на продажба, иако бројот на достапни билети сѐ уште не е одреден. Организаторите велат дека зависи од тоа колку простор ќе биде потребен за звучна и видео опрема. Познато е дека за натпреварот ќе бидат достапни меѓу 50.000 и 60.000 билети.
Вкупно девет настапи ќе се одржат во седмицата што започнува на 12 мај, а големото финале ќе се одржи на 17 мај во „Сент Јакобсшале“ во Базел.
Билетите чинат помеѓу 40 и 350 швајцарски франци (44 до 385 долари). Најскапите билети се за стоење на сцената.
Подоцна ќе биде поставена и онлајн платформа каде оние кои не можат да присуствуваат на натпреварот ќе можат да препродаваат билети.
Ќе се организираат и забави за публиката да го следи натпреварот надвор од салата, а еден таков простор е големиот фудбалски стадион веднаш до „Сент Јакобшале“, кој може да прими околу 36.000 гледачи.
Овогодинешната Евровизија се одржува во Швајцарија благодарение на поп-уметникот Немо, кој победи на натпреварот во 2024 година во Малме, Шведска, со песната „The Code“ за родовата несообразност.
Слични новости
На 78 години почина Меријен Фејтфул
Без разликана тоа колку ниско паѓаше, Фејтфул секогаш се креваше и во текот на нејзината кариера издаде 21 соло албум
Ричард Гир ќе биде награден на главните филмски награди во Шпанија
На американскиот актер Ричард Гир, кој неодамна се пресели во Шпанија, ќе му биде врачена Меѓународната награда на најважната церемонија на доделување филмски награди во земјата – Гоја
Во Лондон премиера на четвртото и последно продолжение на франшизата „Бриџит Џоунс: Лута поради момчето“
На познатиот плоштад Лестер во Лондон се одржа премиерата на четвртиот и последен филм за Бриџит Џоунс „Лута поради момчето“.