Ненадејна поплава во Непал предизвика голем број човечки жртви а повеќе стотици засега се водат како исчезнати, меѓу нив и голем број туристи.
Разорната водена стихија однела со себе повеќе села во северниот дел на земјата а поплавата го погодила и Тибет, автономен регион во Кина, каде што државните медиуми исто така најавуваат дека има „голем број жртви“.
Стравувањата се дека бројот на загинатите дополнително ќе се зголемува, додека во тек се и спасувачки операции.
Речиси 400 луѓе, меѓу кои и најмалку 290 странски туристи, засега се водат како исчезнати. Меѓу исчезнатите има државјани на Индија, Австралија, Холандија, Јужна Африка, Велика Британија и Малезија.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.