Околу 30 лица загинаа во нови израелски напади во Појасот Газа, објавија во неделата палестинските медиуми.
Израелски воени авиони нападнаа поранешна училишна зграда во населбата Ал Дарај во градот Газа, во која се сместени раселените луѓе, јави палестинската новинска агенција WAFA. Најмалку осум лица загинаа во овој напад, според WAFA.
Израелската војска соопшти дека извршила „прецизен напад против терористите на Хамас кои дејствувале во командно-контролниот центар во областа Дарај Туфах“. Според воени извори, нападот бил извршен во текот на изминатата ноќ.
WAFA, исто така, извести за целен воздушен напад врз возило во градот Газа во кој загинале четворица Палестинци. Уште 16 лица се убиени во напади во центарот и јужниот дел на Појасот Газа, се наведува во изваштајато.
Агенцијата објави во текот на денот и дека израелските сили продолжуваат да уриваат станбени згради во северната област на бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа, додавајќи дека гранатирањето низ целиот регион и натаму не стивнувва.
Подоцна во неделата, припадник на палестинските безбедносни сили беше убиен, а двајца други беа повредени за време на операција против вооружени Палестинци во Џенин на северниот дел на Западниот брег, изјави портпаролот на Палестинската самоуправа (PA). Вооружени мажи отвориле оган врз безбедносните сили во бегалскиот камп, тврди тој.
Ова е прва смрт меѓу безбедносните сили од почетокот на кампањата во Џенин на почетокот на месецот. Убиени се и тројца жители, меѓу кои и водечки член на милитантната група Палестински исламски џихад (PIЈ).
Џенин е познат како упориште на милитантните палестински движење чие седиште е во Појасот Газа и често е напаѓан од израелската армија. Набљудувачите веруваат дека Палестинската самоуправа стравува од вооружен бунт на Западниот брег и губење на контролата слично на она во Појасот Газа по изборите во таа енклава. Имено, во 2006 година Хамас победи на последните палестински парламентарни избори. Следната година, насилно ја презедоа единствената контрола врз Појасот Газа, протерувајќи го поумерениот Фатах од областа, откако движењето на палестинскиот претседател Махмуд Абас поддржана од САД и сојузниците не сакаше да ја предаде власта во Газа.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја предводи Палестинската самоуправа, како и секуларната палестинска организација Фатах, кој претходно беше сметан за најопасниот политички противник на Израел кој има поддршка од западните сојузници предводени од САД, и оттогаш де факто владее само со Западниот брег.
Според палестински извори, повеќе од 45.200 луѓе се убиени од почетокот на војната во Газа по нападот организиран од палестинското милитантно движење Хамас од Појасот Газа на 7 октомври 2023 година. Нападот однесе 1.200 животи, а повеќе од 250 луѓе беа киднапирани.
Слични новости
Трамп го избра милијардерот Фертита за амбасадор во Италија
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека ќе го номинира милијардерот сопственик на професионалниот кошаркарски клуб Хјустон Рокетс Тилман Фертита за амбасадор на неговата администрација во Италија
Израел го обвинува папата за двојни стандарди по коментарите за бомбардирањата во Газа
Израелското Министерство за надворешни работи го обвини папата Франциск за „двојни стандарди“ во саботата, откако тој ја осуди „суровоста“ на израелскиот напад врз Појасот Газа во кој според палестински извори се убиени седум деца
Америка ја укина наградата за апсење на водачот на сириските бунтовници
САД ја укинаа наградата од 10 милиони долари за апсење на сирискиот лидер на бунтовниците Ахмед ал Шара, по состанокот на високи дипломати и претставници на бунтовничката група Хајат Тахир ал-Шам.