Околу 1,5 милиони луѓе ги гледаа шарените возила и костимираните учесници на големата парада во мексиканската престолнина за Денот на мртвите во саботата, според градската администрација.

На деветтото издание на парадата, скелети направени од картон, околу 8.000 костимирани изведувачи и украсени возила поминаа низ улиците на Мексико Сити.

Денот на мртвите, дел од списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, ги меша елементите на христијанството со културата од периодот пред доаѓањето на шпанските конквистадори.

Се верува дека на 1 ноември, душите на починатите деца се враќаат да ги посетат своите семејства, што го прават душите на возрасните на 2 ноември.

Семејствата ги посетуваат гробиштата, каде што јадат, пијат и пеат на почивалиштата на своите најблиски, и оставаат свеќи и храна на гробовите и олтарите во своите домови.

Сепак, поворката во мексиканската престолнина е модерна традиција што започна во 2016 година, инспирирана од сцена од филмот „Spektre“ со Џејмс Бонд.

globe

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година