Во Црна Гора денеска е ден на жалост по трагедијата во Македонија кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а над 100 се повредени.

Знамињата на сите државни институции од изутрината се спуштени на половина копје. Парламентот на Црна Гора, како и премиерот Милојко Спајиќ изразија сочувство до семејствата на жртвите и сите граѓани на Македонија.

Во Србија која што понуди и помош и каде што се лекуваат некои од пациентите, ден на жалост ќе биде утре.

Се очекува и бугарската влада на вонредна седница вторник да биде прогласен за ден на жалост во знак на солидарност со Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков.

Жељазков денеска уште еднаш изрази сочувство и рече дека се надева на успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна, а Жељазков рече дека Бугарија е подготвена да прими уште повредени.

Слични новости

Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра

Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра

Министрите за надворешни работи на Европската унија треба да се состанат во понеделник за да разговараат за нова иницијатива која би можела да обезбеди милијарди евра дополнителна воена помош за Украина

Уницеф предупреди дека еден милион деца во Газа се мачат за да преживеат

Уницеф предупреди дека еден милион деца во Газа се мачат за да преживеат

Стотици илјади деца немаат чиста вода ниту основни услови за хигиена, а еден милион не ги задоволуваат основните потреби и се мачат за да преживеат“ изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ во Газа Едуард Бајгбејдер