„Денот на Шакалот“ и официјално стана серија со највисок рејтинг било кога емитувана на Скај.

Првата епизода имаше гледаност од 4,5 милиони во Велика Британија, што оваа трилер серија со Еди Редмејн и Лашана Линч ја направи најпопуларната серија, кога и да е емитувана на Скај.

Гледаноста е највисока независно дали станува збор за сопствена продукција на телевизиската платофрма или на откупен контент.

Досега за 2024 на врвот беше „Куќата на змејот“на ХБО.

 

На „Пикок“ серијата изби меѓу петте најгледани серии во САД на премиерниот викенд, според прелиминарните реултати на агенцијата за истражување на гледаноста Нилсен.

 Серијата е базирана на книгата на Фредерик Форсајт од 1971, која претходно беше адаптирана и во филм во 1973. Станува збор за вешт убиец кој се маскира како камелеон кого го игра Редмајн и агент на МИ 6 кого го игра Линч. Досега се емитувани две епизоди од серијата, а нејзиното финале  е на 12 декември.

 

Слични новости