„Денот на Шакалот“ и официјално стана серија со највисок рејтинг било кога емитувана на Скај.
Првата епизода имаше гледаност од 4,5 милиони во Велика Британија, што оваа трилер серија со Еди Редмејн и Лашана Линч ја направи најпопуларната серија, кога и да е емитувана на Скај.
Гледаноста е највисока независно дали станува збор за сопствена продукција на телевизиската платофрма или на откупен контент.
Досега за 2024 на врвот беше „Куќата на змејот“на ХБО.
На „Пикок“ серијата изби меѓу петте најгледани серии во САД на премиерниот викенд, според прелиминарните реултати на агенцијата за истражување на гледаноста Нилсен.
Серијата е базирана на книгата на Фредерик Форсајт од 1971, која претходно беше адаптирана и во филм во 1973. Станува збор за вешт убиец кој се маскира како камелеон кого го игра Редмајн и агент на МИ 6 кого го игра Линч. Досега се емитувани две епизоди од серијата, а нејзиното финале е на 12 декември.
Слични новости
Откриен најстариот доказ за христијанството северно од Алпите
Записот се наоѓа на сребрена фолија и се состои од 18 редови испишани на латински јазик, а адтира од периодот меѓу 230 и 260 година од новата ера.
Фолијата била замотана во мала сребрена амајлија. Како што наведуваат германските археолози, артефактот беше пронајден во една гробница од третиот век во градот Хесе, каде што некогаш се наоѓал античкиот римски град Нида.
Германците најмногу се плашат од радиоактивното зрачење по нуклеарен судир
Според резултатите од истражувањето, 58 отсто од граѓаните стравуваат од радиоактивно зрачење како последица на нуклеарен конфликт
Ватикан на работ од банкрот
Ватикан, најмалата држава на светот, за своите проходи се потпира врз комбинација на донации и инвестиции. Во 2023 дефицитот на Ватикан изнесуваше 83 милиони евра, што е 5 милиони евра повеќе отколку лани, објавуваат италијанските медиуми.