Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шрудервеќе не е член на Кливленд Кавалиерс откако НБА клубот го трејдуваше играчот во Шарлот Хорнетс, пренесе американската телевизија ЕСПН. Трејдот е договорен така што Шарлот заедно со Шрудер ќе добие и пари,а а во Кливленд оди Тре Ман.
Шрудер во Шарлот повторно ќе соработува со актуелниот претседател на клубот Џеф Питерсон и тренерот Чарлс Ли со кои соработуваше за време на неговиот престој во Атланта Хоукс.
Шрудер беше член на Атланта од 2013-2018 година, а потоа смени голем број на НБА тимови: Оклахома, Лејкерс, Бостон, Хјустон, Торонто, Бруклин, Голден Стејт и Сакраменто, пред да дојде во Кливленд во февруари годинава.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
