Пролетното заседание на ММФ и Групацијата на Светската банка денеска ќе почне во Вашингтон, а главни теми ќе бидат како да се стабилизира глобалниот раст во услови ма геополитички превирања и технолошки трансформации.

На априлското заседание ќе присуствуваат гувернерите на централните банки, министрите за финансии и развој, лидери во приватниот сектор, но и претставјици на академската заедница за да разговараат за глобалната економија, стабилноста на финансиите и намалувањето на сиромаштијата.

ММФ следната недела ќе објави три можни сценарија, а во секое од нив очекува послаб раст откако што претходно беше проектирано, изјави директорката на ММФ Кристалина Георгиева.  

Слични новости

Германскиот регулатор ги повика компаниите што поскоро да ги намалат цените на бензинот и дизелот

Германскиот регулатор ги повика компаниите што поскоро да ги намалат цените на бензинот и дизелот

Германскиот регулатор за заштита на конкуренцијата денеска ги повика компаниите што поскоро да ги намалат цените на бензинот и дизелот, откако падна цената на сировата нафта, по примирјето на Блискиот исток.