Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“, денеска, со почеток во 12:05 часот ќе се одржи 30. протестен марш „Марш за ангелите“ кој ќе започне од плоштадот „Македонија“.
Организаторите велат дека маршот има за цел да ја потсети јавноста на потребата од упорна и сплотена борба за правда.
Судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе започне овој месец, а случајот ќе го водат дури 15 обвинители.
Слични новости
Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Британска амбасада: Британско- македонското стратешко партнерство е фокусирано на продлабочување на економската и безбедносната соработка
Во врска со пишувања во некои британски медиуми и реакции во земјава за наводно отворање мигрантски кампови, Британската амбасада објави на социјалните мрежи статус со кој посочува дека двете земји имаат воспоставено Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји
СДСМ: Не чисти СОЗР, „чисти“ семејната фирма на Томовски
Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери, порача на партиска конференција за медиумите Александар – Саша – Димитријевиќ, од Централен одбор на СДСМ


