Денеска ќе биде познато дали по Нова година ќе плаќаме повисоки сметки за струјата. Владата ја определи новата цена по која ЕСМ ќе ја продава електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Премиерот уверува дека при носењето на одлуката се внимавало да се зачува стандардот на граѓаните.
Тоа е одлука на затворена седница на Влада. Ние се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, од друга страна да продолжиме со субвенционирањето, бидејќи пазарната цена на електричната енергија е околу 100-тина евра, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година, не само за половина година, така што во овој момент не можам да ја кажам цената, но бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните“, изјави премиерот Христијан Мицкоски
До крајот на неделава и регулаторите треба да ја донесат новата цена за преносот и дистрибуцијата, ставка која е дел од сметките за електрична енергија.
Слични новости
Мајките на жртвите од „Пулс“ со транспарент дека постои вина за загубени 63 млади животи
Тие пред судницата поставија транспарент на кој се 63 те жртви како потесетување за големата трагедија и згаснатите животи.
Скопје во црвена зона на загаденост
Најнезадрав за дишење е воздухот во Центар каде што индексот на загаденост е 164 што е во категоријата нездраво, а потоа следува Карпош со 128.
Пратеничката група на СДСМ не е опфатена со партиската чистка
Партиската чистка на раководството и Извршниот одбор нема да ја зафати и пратеничката група на СДСМ. Филипче нема да бара враќање на пратеничките мандати, затоа што смета дека тие се искусни професионалци кои се добар репрезент на партијата во Собранието.


