Денеска ќе биде познато дали по Нова година ќе плаќаме повисоки сметки за струјата. Владата ја определи новата цена по која ЕСМ ќе ја продава електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Премиерот уверува дека при носењето на одлуката се внимавало да се зачува стандардот на граѓаните.

Тоа е одлука на затворена седница на Влада. Ние се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, од друга страна да продолжиме со субвенционирањето, бидејќи пазарната цена на електричната енергија е околу 100-тина евра, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година, не само за половина година, така што во овој момент не можам да ја кажам цената, но бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните“, изјави премиерот Христијан Мицкоски

 До крајот на неделава и регулаторите треба да ја донесат новата цена за преносот и дистрибуцијата, ставка која е дел од сметките за електрична енергија.

 

Слични новости

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило