Американската академија за филм денеска ќе ги објави номинациите за годинашните Оскари. Гласањето на членовите на академијата на два пати беше пролонгирано заради големите пожари во Лос Анџелес.

Фаворити за Оскарите се филмовите Бруталист и  Емилија Перез за кои се очекува да добијат до десет номинации, Конклава и Дина 2 да имаат по девет, а Викед и Целосно непознат по шест номинации.  

За режија се очекува да бидат номинирани Жак Одиар за Емилија Перез, Бреди Корбет за Бруталист, Едвард Бергер за Конклава, Шон Бејкер за Анора и Корали Фаргејт за Суштината.

За Оскарот за најдобар глумец ќе се натпреваруваат Ралф Фајнс во Конклава, Адријан Броди во Бруталист, Тимоти Шаламе во Целосно непознат, Колман Доминго за Синг Синг и Себастијан Стан за Чиракот.

Петте номинации за главна женска улога се очекува да им припаднат на Деми Мур за Суштина, Мики Мадисон за Анора, Карла Софиа Гаскон за Емилија Перез, Фернанда Торес за Сеуште сум тука и Кејт Винслет за Ли.

Во техничките категории се очекува да доминира филмот Дина 2 на Денис Вилнев.

Слични новости

Пронајдена слика на Ван Гог во гаражна распродажба на слики во Минесота

Пронајдена слика на Ван Гог во гаражна распродажба на слики во Минесота

Сликата ја купи колекционер на антиквитети во 2016, а стручњаците ја идентификуваа како дело на Ван Гог по проценка која траеше цели четири години. Истражувачите, исто така, пронајдоа делови од коса во платното и ја испратија на анализа.