Американската академија за филм денеска ќе ги објави номинациите за годинашните Оскари. Гласањето на членовите на академијата на два пати беше пролонгирано заради големите пожари во Лос Анџелес.
Фаворити за Оскарите се филмовите Бруталист и Емилија Перез за кои се очекува да добијат до десет номинации, Конклава и Дина 2 да имаат по девет, а Викед и Целосно непознат по шест номинации.
За режија се очекува да бидат номинирани Жак Одиар за Емилија Перез, Бреди Корбет за Бруталист, Едвард Бергер за Конклава, Шон Бејкер за Анора и Корали Фаргејт за Суштината.
За Оскарот за најдобар глумец ќе се натпреваруваат Ралф Фајнс во Конклава, Адријан Броди во Бруталист, Тимоти Шаламе во Целосно непознат, Колман Доминго за Синг Синг и Себастијан Стан за Чиракот.
Петте номинации за главна женска улога се очекува да им припаднат на Деми Мур за Суштина, Мики Мадисон за Анора, Карла Софиа Гаскон за Емилија Перез, Фернанда Торес за Сеуште сум тука и Кејт Винслет за Ли.
Во техничките категории се очекува да доминира филмот Дина 2 на Денис Вилнев.
Слични новости
Кање Вест и Бјанка Сенсори исфрлени од Греми наградите поради непристојна облека
Раперот Кање Вест и австралиската манекенка Бјанка Сенсори кои се брачен пар, биле исфрлени од полицијата од овогодинешното доделување на наградите...
Дог Мен најгледан филм викендов на Бокс офисот
Анимираниот филм на Дримворкс Анимејшн и Универзал „Дог Мен“ е на првото место на американскиот Бокс офис со освоени 35 милиони долари.
Бијонсе и Ламар победници на Греми наградите
Бијонсе имаше 11 номинации за нејзиниот осми студиски албум „Cowboy Carter“ и беше наградена за најдобар албум и најдобар кантри албум