Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцински и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова се очекува денеска да одржат средба во Софија на маргините на меѓународната министерска конференција посветена на Коридорот 8.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека официјално притигнала потврда од Бугарија дека средба ќе има.
„Ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа, дали ќе биде ‘пул асајд’ или билатералка, ќе видиме како домаќинот ќе го организира.
Нашите пораки се јасни дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба која што во моментот се наоѓаме, дека сме за добрососедски односи и сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел, да бидеме дел од Европската унија, нешто што многу одамна го заслуживме“, рече Мицкоски.
Премиерот порача и дека за Македонија е многу охрабрувачка најавата на Европската Комисија за постепена интеграција во ЕУ.
Слични новости
Загина фудбалерот Даниел Николовски
Во раните утрински часови денеска, во сообраќајна несреќа, животот го загуби младиот фудбалер Даниел Николовски (21). Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а љубовта кон клубот ја продолжил и во сениорскиот тим.
Намален бројот на одобренија за градба
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 995 108 илјади денари, што е за 74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
За прославата за независноста – 5,53 милиони евра чинеле манифестациите од сметката на Државна лотарија и донации од фирми
Владата во април годинава донела одлука да ја задолжи Државната лотарија, нераспределената добивка од 2024 година од 300 милиони денари, да ја намени за спонзорирање на прославата. Владината портпаролка инсистира дека тоа не се буџетски пари, иако Лотарија е во целосна државна сопственост.


