Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцински и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова се очекува денеска да одржат средба во Софија  на маргините на меѓународната министерска конференција посветена на Коридорот 8.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека официјално притигнала потврда  од Бугарија дека средба ќе има.

„Ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа, дали ќе биде ‘пул асајд’ или билатералка, ќе видиме како домаќинот ќе го организира.

Нашите пораки се јасни дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба која што во моментот се наоѓаме, дека сме за добрососедски односи и сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел, да бидеме дел од Европската унија, нешто што многу одамна го заслуживме“, рече Мицкоски.

 Премиерот порача и  дека за Македонија е многу охрабрувачка најавата на Европската Комисија за постепена интеграција во ЕУ.

Слични новости

Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември

Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември

Владата го намалува ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 отсто. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за Еуросупер БС-95, односно 102,5 денари за литар Еуросупер БС-98.