
Пред Собранието на Република Македонија денеска се одржува собир на граѓани во организација на иницијативата „Кој е следен“, насловен „Народно собрание“.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека поради одржување на протест пред Собранието, единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
Од Иницијативата „Кој е следен“ вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.
Последниот протестен марш на Иницијативата „Кој е следен“ се одржа на 24 март под мотото „Не само како поединци, туку како заедница“.
Приоритетни барања на Иницијативата се безбедни улици и градови, неселективен и правичен систем и едуцирана младина со морален компас во вистинската насока.
Слични новости
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило „бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.
ССМ: На 2. април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат
Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот
Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија
Во однос на останатите пациенти во странство, кај дел има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.