Денеска се слави Меѓународниот ден на жената – 8 Mарт. Тоа е празник што се одбележува на глобално ниво, а во фокусот се правата на жените, родовата еднаквост, репродуктивните права и борбата против насилството и злоупотребата на жените. Годинава мотото на Обединетите нации (ОН) за одбележувањето на 8 Март е „За сите жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“.

8 Март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк кои барале поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година.
Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 Март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот мир.
8 Март се одбележува во светло на промоција на постигнувањата на жените, женските права и борбата за рамноправност.
По повод Денот на жената 8 Март, Платформата за родова еднаквост денеска во Скопје организира марш за женски права, кој годинава ќе се одржи под слоганот „Нека јадат ружи!“.
Слични новости
Мирче Ѓоргоски нов командант на Командата за операции, најголемата оперативна команда во АРМ
Врз основа на Укази на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, должноста командант на КО од бригаден генерал Бесник Емини ја прими бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење и дигитализацијата на образованието
Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе му помагаат на Министерството за образование и наука во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието, за што денеска Меморандум за соработка потпишаа министерката Весна Јаневска и деканот на ФИНКИ Боро Јакимовски
Филков од Љубљана: Сега е моментот кога ЕУ мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан
Пред нас е важен период кога мораме да покажеме политичка волја, лидерство и посветеност за спроведување на сите овие реформи. Европската Унија и нејзините институции треба да продолжат да ја поддржуваат оваа амбиција, да покажат лидерство во решавањето на билатералните и регионалните проблеми, и да ја продолжат својата поддршка на патот на интеграцијата на Западниот Балкан, истакна министерот за правда Игор Филков