Денеска се слави Меѓународниот ден на жената – 8 Mарт. Тоа е празник што се одбележува на глобално ниво, а во фокусот се правата на жените, родовата еднаквост, репродуктивните права и борбата против насилството и злоупотребата на жените. Годинава мотото на Обединетите нации (ОН) за одбележувањето на 8 Март е „За сите жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“.

8 Март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк кои барале поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година.
Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 Март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот мир.
8 Март се одбележува во светло на промоција на постигнувањата на жените, женските права и борбата за рамноправност.
По повод Денот на жената 8 Март, Платформата за родова еднаквост денеска во Скопје организира марш за женски права, кој годинава ќе се одржи под слоганот „Нека јадат ружи!“.
Слични новости
Таравари го разреши директорот на Кумановската болница
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека е разрешен директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски. Ја разгледал документацијата на државната санитарна инспекција и, како што рече, во министерството констатирале дека има предуслови да се разреши директорот на Кумановската болница
Седум полициски службеници од Кочани и Штип осомничени за тешки дела против општата сигурност, доставен предлог за притвор
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници
Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица
Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, информираат од Обвинителството