Денеска се навршуваат 95 години од историската премиера на „Ппарабродот Вили“ анимиран филм кој засекогаш го смени лицето на индустријата на забава во кино салите.
Во „Колони театарот“ во Њујорк публиката на 18 ноември 1928 за прв пат го гледаше Мики Маус во звучен филм кој е ремек дело на Волт Дизни.
Филмот доби незапамтено позитивни критики поради револуционерната техника на синхронизирање на звукот и музиката, а за прв пат на големото платно се појавија и Мики и Мини Маус во фасинантна приказна.
Аниматорите сеуште го класификуваат „Парабродот Вили“ како еден од 20-те најдобри анимирани филмови на сите времиња.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


