Денеска во судницата во Идризово со изведување на градежното вештачење на дискотеката „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, ќе продолжи судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
На минатото рочиште беше кажано дека вештачењето покажало дека ниту стандардите, ниту регулативата и процедурите биле почитувани при реконструкцијата и пренамена на објектот во кој ќе биде сместена дискотеката „Пулс”.
Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
