Денеска во судницата во Идризово со изведување на градежното вештачење на дискотеката „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, ќе продолжи судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На минатото рочиште беше кажано дека вештачењето покажало  дека ниту стандардите, ниту регулативата и процедурите биле почитувани при реконструкцијата и пренамена на објектот во кој ќе биде сместена дискотеката „Пулс”.

Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. 

 

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава