Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.

Првично во случајот беа опфатени 16 лица, од кои седум склучија спогодба и добија затворски казни од 3 до 3,5 години, додека четворица признаа вина и постапката за нив беше раздвоена.

Според обвинението, групата дејствувала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година и била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана.

Обвинителството тврди дека првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли се јавува како организатор и координатор. 

 

Слични новости

Бројот на заболени од грип се намалува

Бројот на заболени од грип се намалува

Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.