Од денеска официјално започнуваат божиќните празници за американскиот Бокс офис. Од 20 декември Парамаунт ја пушти премиерата на „Sonic the hedgehog 3“, а Дизни долгоочекуваниот анимиран филм „Муфаса: Кралот лав“. Двата анимирани филмови се идеaлни за посета на кината на цели семејства.

Соник кој стана голема франшиза за Парамаунт и производителот на игри „Сега“ се очекува да го заврши викендот со заработувачка близу 60 милиони долари во САД, а Муфаса Кралот Лав се очекува да стигне до заработка од 50 милиони долари.

Двата филма, освен во САД имаат премиери насекаде низ светот.

И покрај тоа што периодот околу Божик е погоден за луѓето да одат во кино, филмовите кои имале премиери околу Боиќ и божикните филмови никогаш не остварувале голему успеси на кино благајните, па дури и Аватар, кој стана најгледан филм отпосле, а немаше спектакуларен старт за Божик.

„Муфаса Кралот Лав е режиран од Бари Џенкинс“. Станува збор за една од најпознатите анимирани франшизи на Дизни, а во 2019 Кралот Лав заработи повеќе од една милијарда долари на глобалните пазари.  

 

Слични новости