Во Бугарија денеска се одржуваат претседателски избори на кои 6,59 милиони граѓани имаат право да гласаат за нов претседател и потпретседател на државата. На изборите учествуваат 27 кандидати за претседател на државата.
Меѓу најистакнатите кандидатски двојки се актуелната претседателка Илијана Јотова Андреј Ѓуров, Костадин Костадинов Радослав Василев и Иван Христанов.
Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот.
Вториот круг од изборите е предвиден за 1-во ноември.
Слични новости
Три години војна во Газа
Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.
Два трговски брода нападнати во Црното море во близина на Бугарија, едниот потона
Бугарскиот премиер Румен Радев го оцени нападот како недозволив и како грубо кршење на меѓународното и поморското право. Според официјалното соопштение на владата во Софија нападот се случил околу 3 часот наутро, а биле употребени воздушни и морски дронови.
САД поставија услов за окончување на војната , клучна нуклеарната програма
„Нема да менуваме зборови за дела“, рече Венс во интервју за Ројтерс и додаде дека Техеран би морал да преземе конкретни чекори во врска со нуклеарната програма, а не да нуди уверувања за идно намалување на активностите.


