Со натпреварите во Атина и Бриж меѓу Аек – Ласк и Беиж – Астон Вила почнува најатрактивното и најквалитетно клупско натпреварување во фудбал Лигата на шампиони.

И годинава се игра во формат во кој учествуваат 32 екипи, првите осум се пласираат директно во осминафиналето, а екипите од 9-то до 24-то место ќе играат бараж за пласман во завршницата, со што секој натпревар има значење.

Фаворити се ПСЖ кој ќе се обиде да победи трет пат во низа што досега им успеваше само на Ајакс и Реал Мадрид, англискиот шампион Арсенал кој е засилен, а минатата година играше во финалето, шпанските Барцелона и Реал Мадрид како и германскиот шампион Баерн Минхен.

Слични новости

Премиер лигата му се извини на Манчестер јунајтед и призна дека голот на Халанд во дербите морало да биде поништен

Премиер лигата му се извини на Манчестер јунајтед и призна дека голот на Халанд во дербите морало да биде поништен

Се огласи судиската организација која ја призна вината и Премиер лигата и му се извини на Манчестер јунајтед со признание дека ВАР собата погрешила и дека голот морало да биде поништен, но натпреварот сепак е регистриран со 0:1 за Манчестер сити.