Со натпреварот меѓу кошаркарите на Детроит и Бостон вечерва од 21 часот почнува новата 81-ва сезона на американската НБА лига.
Првата вечер ќе се одиграат уште два натпревари меѓу бранителот на титулата Њујорк против засилената Филадефија, како и дерби мечот на западот меѓу Сан Антонио и Оклахома.
Клубовите како и во минатото се поделени на Источна и западна конференција со по 15 екипи. Шесте најдобри томови од двете конференции ќе се пласираат во плеј офот, а екипите од 7-то до 10-тото место ќе играат во плеј инот.
Лигашкиот дел од натпреварувањето ќе заврши на 11 април 2027 по што ќе започне плеј офот.
Слични новости
Арбелоа пред отказ пред натпреварот Фулам-Хал
Тренерот на Фулам Алваро Арбелоа се наоѓа пред отказ во Фулам, откако тимот што го предводи е последен во Премиер лигата со само два бода и четири порази две ремија.
Едер Милитао се враќа во тимот на Реал Мадрид по повеќемесечна пауза поради повреда
Милитао во последните години имаше две тешки повреди на предните вкрстени лигаменти на коленото, а во април му настрада и задната ложа, поради што мораше да оди на операција и на нова пауза од теренот.
Баерн се согласи на откупна клаузула за Олисе од 200 милиони евра, Олисе незадоволен
Баерн Минхен не сакаше да го продаде Олисе и се согласи тој догодина да биде најплатен играч на Баерн со плата од 25 милиони евра годишно, наместо сегашните 14 милиони.


