Со натпреварот меѓу кошаркарите на Детроит и Бостон вечерва од 21 часот почнува новата 81-ва сезона на американската НБА лига.

Првата вечер ќе се одиграат уште два натпревари меѓу бранителот на титулата Њујорк против засилената Филадефија, како и дерби мечот на западот меѓу Сан Антонио и Оклахома.

Клубовите како и во минатото се поделени на Источна и западна конференција со по 15 екипи. Шесте најдобри томови од двете конференции ќе се пласираат во плеј офот, а екипите од 7-то до 10-тото место ќе играат во плеј инот.

Лигашкиот дел од натпреварувањето ќе заврши на 11 април 2027 по што ќе започне плеј офот.

 

 

Слични новости

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година. Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.