Сирени и силни експлозии, најверојатно предизвикани од активирањето на израелската противвоздушна одбрана, пред малку го потресоа небото над Ерусалим, а иранските медиуми објавија дека е започнат нов ракетен напад од Иран врз израелска територија.

„Израелските одбранбени сили детектираа лансирање на ракети од територијата на Иран кон Израел. Активирани се системите за противвоздушна одбрана,“ соопшти и израелската армија.

Граѓаните беа повикани повторно да се засолнат во засолништа и да останат таму до следна наредба.

Според дописниците на светските агенции, експлозии се слушнале и во Тел Авив. Израелските медиуми јавуваат дека ракета паднала во градот, а претходно беше пријавена силна експлозија во Ерусалим.

Во меѓувреме иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на извори во воената команда на Иран, соопшти дека владата во Техеран планира напади врз американските воени бази на Блискиот исток.

„Војната која почна со агресија на ционистичкиот режим ќе се прошири на сите територии што ги окупираше овој режим и врз американските бази во регионот“.

Агресорите ќе добијат решителен и голем одговор од Иран, изјави висок претставник на иранската воена команда.

 

Слични новости

Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации

Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации

Владата на Иран соопшти дека израелскиот напад врз оваа земја во кој има голем број на загинати докажува дека „нелегитимниот режим во Ерусалим“ не се придржува до никакви меѓународни правила и закони.

Израел почна воздушни удари врз Иран, убиени се воени команданти и научници

Израел почна воздушни удари врз Иран, убиени се воени команданти и научници

Во израелските напади се убиени главниот командант на Корпусот на чуварите на исламската револуција генерал Хосеин Салами и начелникот на генералштабот на иранските оружени сили генерал Мохамед Багери. Убиени се и најмалку шест ирански физичари ангажирани на нуклеарната програма на Иран.