Во раното тргување денес, нафтата Брент падна за 1,6 проценти на 106,90 долари за барел откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе престане со понатамошните напади врз гасните полиња на Иран на барање на американскиот претседател Доналд Трамп.

Американска сурова нафта WTI денеска на берзите се продава за 2 проценти поевтино односно 93,63 долари за барел.

Поради кризата со енергенсите и скокот на цената на нафтата и гасот на светските берзи американскиот министер за финансии Скот Бесент во четврток ја спомена можноста за укинување на санкциите на САД врз иранската нафта на море.

Слични новости

Златото собори нов рекорд

Златото собори нов рекорд

Инвеститорите ги следат геополитичките напнатости околу Грендланд и Иран, што придонесе инвеститорите да се свртат кон сигурни утошишта како што е златото што резултира со постојано кревање на цената на златото.