Во Брисел денеска се одржува самит на лидерите на ЕУ и на земјите од западниот Балкан. На самитот за прв пат ќе претседава претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, а на него ќе учествува и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.
На самитот треба да учествуваат македонскиот премиер Христијан Мицкоски, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, претседателката на Босна Жељка Цвијановиќ и косовската претседателка Вјоса Османи.
Од Европскиот совет истакнуваат дека самитот е прилика за нов замав на стратегиското партнерство на ЕУ и регионот и размена на мислења како регионот заеднички да напредува кон ЕУ.
Главна тема на самитот ќе биде засилувањето на интеграциите меѓу ЕУ и Западниот Балкан низ План на раст, продлабочување на политичкиот ангажман на ЕУ со Западниот Балкан во повеќе области, меѓу кои и надворешната и безбедносната политика, како и соработка во управувањето со миграциите.
На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.
Слични новости
Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара
Пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити,...
Амбасадорката Агелер не коментира за чекорите на Обвинителството по американското назначување на функционери за корупција
Aмбасадорката на Соединетите држави во Македонија, Анџела Агелер не коментираше во вторникот во врска со отворените истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на „црна листа“ како осомничени за корупција
Костадиновски – Рокас: Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд
Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд, како впрочем и на целиот правосуден систем, во сите аспекти, констатирале претседателот на Уставниот суд , Дарко Костадиновски и амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас.