Во Брисел денеска се одржува самит на лидерите на ЕУ и на земјите од западниот Балкан. На самитот за прв пат ќе претседава претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, а на него ќе учествува и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.
На самитот треба да учествуваат македонскиот премиер Христијан Мицкоски, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, претседателката на Босна Жељка Цвијановиќ и косовската претседателка Вјоса Османи.
Од Европскиот совет истакнуваат дека самитот е прилика за нов замав на стратегиското партнерство на ЕУ и регионот и размена на мислења како регионот заеднички да напредува кон ЕУ.
Главна тема на самитот ќе биде засилувањето на интеграциите меѓу ЕУ и Западниот Балкан низ План на раст, продлабочување на политичкиот ангажман на ЕУ со Западниот Балкан во повеќе области, меѓу кои и надворешната и безбедносната политика, како и соработка во управувањето со миграциите.
На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.
Слични новости
Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата
Поранешната обвинителка Вилма Рускоска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата
Одреден 30-дневен притвор за Груби и Бајрами
Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на двете лица кои се недостапни за органите на прогон поврзани со истрагата за Државна лотарија.
Прекинот на вода во Скопје ќе биде од 22 часот во петок до санирање на дефектот
За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.